Font Size

Profile

Menu Style

Cpanel

21Октомври2014

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЗДРАВЈЕ

 

Избор вести на уредникот

 
 

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

  • ОВЕН

  • БИК

  • БЛИЗНАЦИ

  • РАК

  • ЛАВ

  • ДЕВИЦА

  • ВАГА

  • ШКОРПИЈА

  • СТРЕЛЕЦ

  • ЈАРЕЦ

  • ВОДОЛИЈА

  • РИБИ

ОВЕН (21. III – 19. IV)

Земете го микрофонот в рака. Денес одлично ќе комуницирате дури и со оние кои отсекогаш сте ги избегнувале.

Но, размислете дали вреди да го жртвувате сопственото време за оние кои не би ви возвратиле на ист начин.

БИК (20. IV – 20. V)

Денес ќе се разбудите пресреќни, ветувајќи си себеси дека нема да дозволите ништо да ви го уништи денот. Покажувајте разбирање, сочувствувајте со другите и бидете потрпеливи – тоа ќе ви го даде мирот по кој копнеете.

Вашата енергија ќе влијае силно на другите луѓе, па гледајте да остане позитивна.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)

Денес ќе дозволите сонцето да угрее врз вас, отворајќи го своето срце пред светот. Можеби искреноста понекогаш е лоша, но вам ќе ви донесе нешто кое одамна го посакувате.

Бидете похрабри. Убавите случувања не доаѓаат сами во нашите животи. Треба да ги засукаме ракавите и да се бориме за она што го сакаме.

РАК (21. VI – 22. VII)

Денес заборавете на инаетот и покажете дека иако стоите зад она што го зборувате, знаете да правите и компромис.

Неочекувана средба ќе ви отвори нови можност. За да ги искористите, треба брзо да реагирате.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)

Денес луѓето ќе се раководат од вашите емоции. Ако сакате забавен ден, ќе треба вие први да се насмеете. Во спротивно, цел ден околу себе ќе гледате намуртени лица.

Посветете повеќе време на сопствениот живот. Можеби не забележувате, но промените кои настапуваат во него делуваат позитивно на вас.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)

Престанете да давате двосмислени изјави и бидете појасни кога комуницирате со луѓето. Денес ризикувате да изгубите важен контакт ако дозволите вашите ставови да се менуваат со брзина на светлината.

Не дозволувајте една негативна мисла да ви го уништи денот. Потсетете се на нешто кое ве прави среќни.

ВАГА (23. IX – 22. X)

Чувствувате дека ја губите контролата врз сопствениот живот затоа што им дозволувате на другите да ви се мешаат во животот.

Денес храброста која ќе ја имате ќе ве поттикне да повлечете храбар потег на љубовен план. И за среќа, ќе ви се исплати преземениот ризик.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Денес ќе искористите прекрасна можност, а тоа ќе ви донесе еден од најубавите моменти во животот. Не бидете прескромни кога ќе дојде момент да ги истакнете своите квалитети.

Не го затворајте своето срце за различните од вас. Тие ќе ви покажат нов пат за да стигнете до среќата.

 

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

Денес љубезните гестови кон другите ќе ви измамуваат насмевки на лицето. Прекрасно ќе се чувствувате кога давате совет, кога разговарате со осамена личност и кога сте нечие рамо за плачење.

Не штедете ги добрите гестови. Можеби тие за вас се само мало дело, но можат да разубават нечиј живот.

 

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)

Денес разбудете ја смислата за хумор. Доволно им дозволувавте на луѓето околу вас да ви ја предаваат негативната енергија. Време да започнете да ги следите своите инстинкти.

Личност со задни намери ќе се обиде да ви се доближи. Научете да ги распознавате маските на туѓите лица.

 

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)

Ќе дозволите да ве трогнат нечии лажни зборови, а тоа ќе влијае врз вашето расположение. Денес не верувајте во сè што ќе стигне до вашите уши, затоа што луѓето често лажат да за го добијат туѓото сочувство.

Кратка авантура ќе ве оттргне од реалноста и ќе ви ја даде безгрижноста која ви е потребна.

 

РИБИ (19. II – 20. III)

Денес ќе се чувствувате носталгично и ќе копнеете по старите добри времиња. Закажете си средба со стари пријатели и евоцирајте спомени.

Голема е веројатноста да не можете да одржите одредено ветување, па внимавајте кога убедливо ветувате нешто.

Copyright ® 2013 Забрането е целосно превземање, користење или реемитување на текстуални и видео содржини од овој сајт, без претходна дозвола од нашиот сајт.

ПОВРЗИ СЕ:

  Facebook       Twitter